Контакт телефон: +389 (2) 3176 920
Бесплатна достава низ цела Македонија

Како може да се нарача производ?

За да нарачате производ најпрвин треба да бидете претходно регистрирани и најавени на filtracija.mk. Сите нарачки за производи се примаат 24 часа секој ден, во согласност со условите и правилата на filtracija.mk. Испорачувањето на нарачките се врши во рамки на работното време од 09 – 17 часот. Сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р.Македонија.

Како се одвива плаќањето на производот?

Наплатата на производот може да се оствари со следните платежни картички од сите банки: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка.

Колку е безбеден процесот на наплата на производ со платежна картичка?

Секоја платежна трансакција на filtracija.mk се одвива преку сигурносниот систем на НЛБ Тутунска Банка и нивната безбедна и енкриптирана веб страна за наплата, која е поддржана од ACI Payment Systems, една од најголемите и најуспешни компании за обезбедување картични трансакции преку интернет. Целиот процес се одвива според сите светски стандарди за интернет наплата со највисоко ниво на сигурност и доверливост.

Каде би можело да се пријави евентуална рекламација на производ?

За било каква забелешка или рекламација во врска со испорачаните производи можете да не исконтактирате на телефонскиот број 02/3176920 или преку e-mail на: info@filtracija.mk. Враќањето на производите или средствата се врши според веќе утврдената политика на испорака и условите/правилата на користење.

Дали морам да се регистрирам т.е. да креирам сметка за да направам нарачка?

Да, мора да се регистрирате за да направите нарачка, регистрацијата е потребна само првиот пат кога ќе купувате производ, потоа следен пат кога ќе правите нарачка потребно е само да се најавите, преку вашата е-маил адреса која сте ја оставиле при регистрација.

Дали може да нарачам производ за друго лице?

Секако. Во таков случај кога ќе ја правите нарачката треба да ги наведете податоците за лицето на кое треба да се изврши испораката и истото ќе ја прими.

Дали податоците кои ќе ги оставам на интернет страната се се безбедни?

Интернет продавницата filtracija.mk, во согласност со прописите за заштита на личните податоци, обезбедува тајност и заштита на личните податоци од корисниците кои се регистрираат на веб страната или ги оставаат своите податоци при правење на нарачката и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се достапни до трети лица. Тие не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица во било каков облик. Со цел соодветна заштита на личните податоци на своите корисници, filtracija.mk има своја Политика за приватност која утврдува како се третираат податоците на корисниците.

Што ако производот што го нарачав не одговара на описот?

Filtracija.mk се труди описот на производите кои ги продава на својата интернет страница да биде што е можно подетален, со цел нашите корисници полесно да ги дознаат сите нивни карактеристики. Сепак, доколку сметате дека одреден производ не одговара на неговиот опис, истиот може да ни го вратите во рок од најмногу 14 дена од неговиот прием, заедно со добиената фактура/сметка за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или во договор со вас, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност.

Која е процедурата за враќање на оштетен производ?

Доколку од било која причина производот што сте го добиле е оштетен, истиот може да ни го вратите во рок од најмногу 7 дена од неговиот прием, заедно со добиената фактура/сметка за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба – онаков како што сте го добиле, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или во договор со вас, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност.

Која е цената на доставата?

Доставата е бесплатна.