Промоции Прашања

Во filtracija.mk Ви нудиме достава до сите региони на РСМ. Доставата е бесплатна. Испораката на производи се одвива во рок од 2 до 4 дена по пристигнати два потврдни мејлови за авторизирана и потоа за одобрена нарачка. Нарачките одобрени во тековниот ден до 12:00 часот се испорачуваат во рок од 2-3 работни дена, додека нарачките примени по 12:00 часот се испорачуваат преку еден ден односно во рок од 3-4 работни дена. Нарачките примени по 16 часот се третираат како нарачки од следниот календарски работен ден.

Поради обемот на економските достави, Ве молиме контајтирајте не најрано по 5 работни дена. Деновите на достава се приближни и може да доцнат поради околности кои не се во наша контрола.

Достави нема да се извршуваат во Сабота, Недела или за државни неработни денови.

 

Други Информации

Неработни Денови

За време на државните празници нема да се извршуваат достави. Сите достави кои според распоред се во неработен ден ќе бидат доставени наредниот работен ден. И нарачките извршени за време на неработни денови ќе се обработат наредниот работен ден.

 

Индикатор на Залиха

На нашата веб страна filtracija.mk, се прикажуваат само производите кои моментално ги имаме на лагер. Нашата лагер листа се ажурира (update) еднаш неделно па според тоа filtracija.mk го задржува правото доколку некој производ повеќе не е на располагање да го информира купецот по е-маил или телефон дека производот повеќе не е достапен и веднаш да изврши поврат на средствата на неговата сметка.

 

Има Залиха

Информација за количините на производи на самата веб страна нема. При извршување на процесот за купување на одредени производи кога ќе притиснете на копчето купи се отвара страна на која се прикажани производите кои сте ги одбрале за купување и количината која што ја посакувате. Доколку немаме доволни количини од производот/ите кои сте ги одбрале ќе има известување дека мора да извршите промена на количината на тој производ/ите за да може да се продолжи кон процесот на наплата и испорака на тој производ/ите.

 

Повеќе за Доставата

Во некој несреќен случај ако вашиот производ се изгуби или се оштети за време на транспорт, мора да пратите барање на писмено. Во случај на непристигање на пратката,ве молиме почекајте 5 дена да не има некое задржување. Оштетениот производ мора да биде задржан во случај на истрага (инспекција).

Ве молиме бидете достапни да се потпишете за подигнување на производот по добивањето,бидејќи без личен потпис нема да ја добиете нарачката. Доколку не сте присутни да ја примите вашата нарачка,ве молиме следете ги инструкциите на картицата која ќе ви биде оставена со инструкции за понатамошно подигнување на истата.

Кога веќе еднаш имало неуспешен обид за достава кај истиот нарачител, и тоа се повторува и по втор и по трет пат,го задржуваме правото да ви ги наплaтиме доставите.